До Европа се лета за 20 евра

Bez autora
Oct 16 2012

Лет од Скопје до Лондон, Милано, Дортмунд и до други европски метрополи по цени кои почнуваат од 20 евра, а оттаму поволни и брзи авиоврски до Австралија, Америка, Русија и до азиските земји. Навистина, билет по толку ниска цена може да се најде само ако се резервира неколку месеци однапред, но, сепак, веќе не може да се каже дека македонските граѓани плаќаат најскапи авиобилети во регионот и дека немаат избор за летови кон поголемите европски градови. Давањето под концесија на аеродромите во Скопје и во Охрид на турската компанија ТАВ, која ги реконструира и модернизира, потпишувањето на Спогодбата за единствено европско небо и државните субвенции за новоотворените авиолинии, значително ја зголемија фреквенцијата на патници и на авиони на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. апостол Павле“ во Охрид во последниве две години.

До Европа се лета за 20 евраЛет од Скопје до Лондон, Милано, Дортмунд и до други европски метрополи по цени кои почнуваат од 20 евра, а оттаму поволни и брзи авиоврски до Австралија, Америка, Русија и до азиските земји.

Навистина, билет по толку ниска цена може да се најде само ако се резервира неколку месеци однапред, но, сепак, веќе не може да се каже дека македонските граѓани плаќаат најскапи авиобилети во регионот и дека немаат избор за летови кон поголемите европски градови.

Давањето под концесија на аеродромите во Скопје и во Охрид на турската компанија ТАВ, која ги реконструира и модернизира, потпишувањето на Спогодбата за единствено европско небо и државните субвенции за новоотворените авиолинии, значително ја зголемија фреквенцијата на патници и на авиони на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. апостол Павле“ во Охрид во последниве две години. Според статистичките податоци, во првите осум месеци од годинава бројот на патници на двата аеродрома бележи раст од 12 отсто во споредба со истиот период лани и ја достигна цифрата од 627.156 патници.

Со претстојниот зимски ред на летање нискотарифната авиокомпанија „Виз ер“ воведува летови кон шест нови дестинации, а од четврток првпат „Флај Дубаи“ ќе лета од Македонија кон Обединетите Арапски Емирати, а оттаму ќе нуди врзани летови за Австралија, Русија и Азија.

Со ова, македонските воздухопловни власти очекуваат конечно да се помине психолошката граница од 1 милион превезени патници во текот на една година.

- Зголемената понуда треба да донесе намалени цени на авиобилетите и повеќе туристи. Секој месец има пораст на бројот на патници кон и надвор од Македонија. Летово најмногу се патуваше на дестинациите кон Истанбул, Виена и Венеција. Со новите дестинации очекуваме да се достигне предвидената бројка од милион патници, ако не годинава, тогаш в година - вели Дејан Мојсовски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Цените на билетите на нискотарифните компании зависат од терминот за патување и од поволностите што сака да ги добие патникот во текот на летот. Така, преку интернет-страницата на „Виз ер“, билет за Милано може да се купи за 290 денари за лет на 29 октомври, за 590 денари за 30 ноември, а за термин пред католичкиот Божик билетот се продава за 890 денари. Ако имате среќа, може да добиете и билет по промотивна цена од 50 денари.

Лет до Дортмунд на 28 октомври чини 3.490 денари, во ноември може да се најде по цена од 1.590 до 2.190 денари, а во декември од 890 до 3.490 денари. На овие цени треба да додадете 500 денари за провизија ако билетот го плаќате со „мастеркард“ или „виза“, трошок што го нема ако имате картичка од авиокомпанијата. Од багаж бесплатно може да се внесе торбичка со тежина до 10 килограми, која може да ја собере под седиштето, а ако треба да ја ставите во преградите над седиштето, ќе платите 600 денари. Инаку, за една голема торба се плаќа по 1.250 денари. Чекирањето преку интернет е бесплатно, но ако тоа го направите на аеродром, ќе треба да доплатите уште 440 денари.

За резервација на билетот, повеќе простор за нозете или приоритетно качување во авионот се доплаќа 500 денари. Ако мислите дека ќе го промените времето и датумот на летот, тогаш, за да не ви пропадне билетот, платете однапред 620 денари. На патниците им се дава можност за овој износ да добијат гаранција од 100 евра ако биде одложен летот, а за 60 денари ќе добијат потврда и детали за летот преку СМС на мобилен телефон. Сепак, и со сите овие дополнителни давачки, цената на билетот во еден правец достигнува до максимум 6.500 денари, што е многу помалку од пред неколку години кога немаше повратен лет поевтин од 500 евра до која било европска земја.

Kризата ги погоди аеродромите во Загреб и во Љубљана

Приштинското воздушно пристаниште во првата половина од годинава бележи позитивни резултати. Со вкупно превезени 658.304 патници, остварен е пораст од 7 отсто во однос на истиот период лани. И Црногорците можат да се пофалат со раст од 8,7 отсто. Низ белградскиот аеродром „Никола Тесла“ поминале 1.481.982 патници, што е зголемување за 11 отсто. Во Софија е забележан минимален раст од 0,7 отсто во првите шест месеци. Во Словенија бројот на превезените патници е намален за 12,9 отсто, а преку љубљанскиот аеродром „Јоже Пучник“ летале околу 1,2 милион патници. Загрепскиот „Плесо“ бележи пад на патничкиот авиосообраќај за 2,3 отсто со превезени 1.038.479 патници.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik